ВИДЕО: Запален автомобилот на српската пејачка - сигурносните камери снимиле се

 

Автомобилот на српската пејачка Маја Маријана е запален пред зграда во белградската наслба Филмски град.

На снимките од сигурносните камери се гледаат двајца мажи со капуљачи како приоѓаат до автомобилот „Мецедес С класа“.

Едниот од нив го полева автомобилот со бензин додека другиот стражари. Неколку секунди подоцна, пожарот избувнува.

После немилиот настан се огласи и пејачката.

-Видов од тераса како ми гори автомобилот. Мојата ќерка толку се исплаши што почна да вреска на цел глас. Не знаеме кој е во прашање. Се сомневам во некој и видов некои момци како бегаат. Надзорните камери се снимија, па се надеваме дека се ќе се дознае набрзо - рекла Маја Маријана, која инцидентот го пријавила во полиција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега