ФОТО: Путин добил безброј подароци, но ваков никогаш - столар за него потрошил половина милион рубли

 

Мухамадшариф Џалилов, млад таџикистански столар кој живее во Русија, после три години неуморна работа, ја завршил дрвената верзија на легендарниот советски тенк „Т-34“ за годишната прослава која се одбележува за крајот на Втората светска војна.

Мухамашариф потекнува од познато столарско семејство ов Таџикистан, а во Русија веќе живее 7 години. Тврди дека не морал да гледа било какви нацрти затоа што има „се во главата“.

На предлог на пријател тој се одлучил да направи дрвен тенк.

На овој необичен зафат младиот столар потрошил три години, а за купување на материјали потрошил околи половина милион рубли.

Планот бил текнот да му го подари на претседателот на Русија, Владимир Путин на Денот на победата, но за жал тоа не се случило. На друштвените мрежи се појавил предлог на дрвениот тенк да му се додели почесно место во новооснованиот меморијален парк во Тула, а порталот Тулски новости напишал дека градското собрание ќе размисли за тоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега