Мало дете го праша Папата Франциск дали неговиот татко е на небото - тој му даде емотивен одговор
Секоја средба со папата Франциско е посебна, но оваа средба која се случи неодамна за време на посетата на римската Корвиална област, e една од најемотивните, пренесува Слободна Далмација.
При посетата на римската Корвиална област, папата имаше емотивна средба со едно младо момче кое му постави прашање за неговиот починат татко. Папата Франциск, како што изјавуваше на католичкиот хералд, одговараше на прашањата на група деца зa верата на човекот и животот, кога едно од децата, по име Емануел, почна да плаче.
Папата Франциск беше пречекан од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев.
Момчето беше премногу возбудено, па папата Франциск инсистираше на тоа Емануел да му го шепне на уво неговото прашање. Потоа момчето му ја довери неговата тајна, а папата побара од него дозвола да го повтори она што му го кажа на уво.
„Ако можеме да плачеме само како Емануел кога имаме болка во нашите срца. Тој плаче за својот татко кој ум*ел и имаше храброст да го стори тоа пред нас, бидејќи во него има љубов. Неговиот татко бил атеист, но ги крстил четирите деца, бил добар човек.
Убаво е што син на татко вели дека е “добар”. Ако тој човек може добро да ги подигне своите деца, тогаш тој бил добар човек. Бог е горд на твојот татко – рече папата Франциско.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа