Разрешена „мистеријата” за фризурата на Бујар Османи: Не сум пресадил коса
Со месеци наназад во медиумите и на друштвените мрежи актуелна беше косата на вицепремиерот Бујар Османи, пишува „Фокус“. Медиумите и корисниците на социјалните мрежи се прашуваат дали вицепремиерот има пресадено коса или пак има перика.
Тајната, „открива“ Османи за „Фокус“, е неговиот нов бербер од Скопје, од кој е многу задоволен, како и тоа што косата ја носи малку подолга.
-Имам нов бербер, од Скопје е, задоволен сум од тоа како ми ја средува косата. Станува збор за едноставна работа, единствено косата ми е пуштена подолго, значи потпорасната. Немам комплекси за косата, само новиот бербер се докажа како многу вешт – раскажа Османи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа