ВИДЕО: Овации за Тамара - Пејачката вечерва во големото финале
Тамара Тодевска на втората полуфинална вечер на Евросонг сите ги воодушеви со маестралната изведба на својата балада "Proud", а вечерва треба да настапи осма по ред откако се пласираше во финалето.
- На прес-конференцијата одржана непосредно по завршувањето на полуфиналето Тамара истакна дека е горда што успеала земјата да ја доведе до долгоочекуваното финале и – во дух на песната со која тоа го постигна – се надева дека „сите ние чувствуваме гордост и за постигнатиот успех, и за нас самите", објави САКАМДАКАЖАМ.МК.
Доби поддршка од многу наши ѕвезди како Калиопи, Каролина Гочева, Катерина Ивановска, сестра си Тијана, а доби и од ѕвездите во регионот, па така за Марија Шерифовиќ, Карлеуша и Беквалац Тамара е победникот каков и да е резултатот.
Медиумите во регионот пишуваат за неа.
- „Сестрата на Тијана Дапчевиќ ја претставуваше Македонија на Евровизија, а еден детаљ ги разнежи сите“, „Сестрата на Тијана Дапчевиќ пееше со солзи во очите: Тамара Тодевска ја претстави својата земја на Евровизија со многу силна емоција“,Фотографија која воодушеви: Сестрата на Тијана Дапчевиќ на Евровизија имаше посебна порака, а овој гест по настапот предизвика силен аплауз“, се само дел од насловите кои се појавија.
Ова е настапот за сите кои го пропуштија:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа