ФОТО: Него го сакала пред Трамп - Поранешното момче на Меланија откри се за неа
Меланија Трамп е прва дама на САД откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп стана претседател на изборите. Деталите за неа и нејзиниот живот и понатаму ја интригираат јавноста, а убавата Меланија, која важи за дама со неверојатен стил, пред Доналд го сакала Петер Бутолн.
Тој е новинар од Словенија со кого била во врска, додека живеела во Словенија.
Тој во една прилика откри детали за нивниот живот и врска:
- Бевме заедно, завршивме училиште и летото беше пред нас, одеше во средно школо за дизајн, а јас гимназија. Љубљана е мала сите се знаевме, а неа нормално беше човек да ја забележи. Беше убава и слаба, јас го направив првиот чекор по неколку чашки. Живееше во изнајмен стан со сестра си. Ни беше убаво како на сите во младоста. не сакаше многу да излегува и да пие алкохол, сакаше да биде одморена за снимањата, беше млада а професионалец, изјавил тој.
Се разделиле кога тргнал во војска.
Инаку, Трамп е постар од Меланија 23. години а заедно имаат син.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа