ВИДЕО: Жирито со солзи во очите - Антонија со песна на Тоше ја имаше најемотивната изведба

 

Во најновата сезона на „Пинкови ѕвездички – all stars“ каде се натпреваруваат кандидати од претходните сезони, имаме прилика да ја гледаме и Антониа Гиговска, која е придружен вокал на Тамара на Евровизија.

Гиговска се претстави со песната „Полско цвеќе“ од Тоше Проески, доби овации, а Гоца Тржан која е во судиското столче се фати за глава.

- „Сакам оваа песна да ја посветам на нашиот Тоше Проески кој сигурно не гледа одгоре и се радува“ изјави Гиговска по изведбата.

„Тоше во јануари оваа година ќе наполнеше 38 години. Ќе беше во најдобрите години и ќе пееше како ѕвер. Но, бидејќи го нема него, те имаме тебе“ изјави Гоца.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2019 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега