Скандал изби на Евровизија - Една земја е дисквалификувана
Скандал изби на Евровизија која се одржа во Тел Авив, каде Тамара заврши на 8. место.
Скандалот избил кога во едно интервју белоруското жири открило како се одлучило за гласовите, а тоа е строго забрането.
- Едногласно одлучивме за тројца победници. Немавме многу различни мислења околу првите 6,7. Мислевме цели десет минути, рекле од жирито.
Откриле дека првиот член го дал гласот на Австралија, потоа Естонија, Грција па Грузија.
Белорусија која заврши на претпоследно место е дисквалификувана.
20.05.2019 - 21:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа