По шпекулациите кои кружат деновиве, се огласи и Дарко Лазиќ: „Вистина е, секој на своја страна“
За разводот на Ана Севиќ и пејачот Дарко Лазиќ се шпекулира уште од јануари минатата година, меѓутоа тие двајца се немаа официјално разведено.
Секој тргнал по својот пат, Ана има сериозна врска, додека Дарко чека син со вереницата Марина Гагиќ.
Медиумите деновиве пишуваа за тоа дека овој пар е фатен заедно и тоа без своите партнери, по што почна да се пишува дека бремената вереница на Дарко го оставила поради лошиот начин на живот.
Имено, се шпекулираше дека Дарко и Ана биле фатени во едно кафуле во Белград. Но, конечно е откриена вистината за нивната средба. Тие се сретнале за официјално да ги потпишат документите за развод и да се договорат околу грижата за ќерката Лорена.
-Точно е, Ана и јас се разведовме пред некој ден. Се ракувавме како луѓе и тргнавме по својот пат, официјално. Во супер односи сме и ќе ги негуваме поради Лорена - рекол Дарко за српски Телеграф.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа