„Срам да ви е, ние уредно плаќаме“ - Сузана Манчиќ кажа што ја мачи

 

Сузана Манчиќ го сподели својот проблем со фановите на друштвените мрежи,

Имено, во зградата во која живее со недели не работи лифтот, за кој станарите уредно плаќаат, па испратила уредна порака.

-Ѝ благодарам на градската станбена компанија што секојдневно имам кардио програм и што сум на рестриктивна исхрана, бидејќи до мојот стан не можам да однесам ништо потешко од млеко и јогурт! Ѝ благодарам на градска станбена компанија што лифтот со недели не работи, а ние уредно плаќаме. Срам да ви е - напиша Сузана на Инстаграм.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2019 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега