Денеска е Преподобен Пахомиј Велики: Изврши безбројни чуда, но и претрпе и безброј искушенија
Денеска е Преподобен Пахомиј Велики.
Свети Пахомиј по род беше Египѓанец, а се роди во незнабожечко семејство. Во времето на Великиот Константин служеше во неговата војска. Некаде во тоа време тој поверува во Христа и набргу, желен за подвиг, отиде во Тиваидската пустина кај познатиот подвижник Паламон. Овој го прими и го учеше на подвижнички живот 10 години. Во тоа време на Пахомиј му се јави ангел и му заповеди да подигне манастир, а му го даде и уставот на манастирот. Овој изгради многу келии, кои набргу се наполнија со монаси. Подоцна свети Пахомиј изгради уште шест манастири и раководеше со духовниот живот на илјадници подвижници. На многумина им беше пример во смирението, трудољубивоста и воздржувањето. Се упокои на свои 74 години, во 348 години. Свети Пахомиј се смета за основач на општожителното монаштво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа