Некогаш фотографирал по свадби, а потоа се замерил со погрешни луѓе - мафијата ова не може да му го прости
Италијанскиот новинар Роберто Савијано е пример дека новинарството може да биде опасна професија.
Во 2006 година, на 26. години, Савијано објави книга „Гомора“, која ја откри мафијата со седиште во Напуљ.
Книгата стана популарна, секако не толку меѓу мафијашите.
Набрзо почнале да му стигаат закани со смрт, па добил и постојана полициска заштита.
Оттогаш се обидуваат да го фатат, не само мафијашите туку и политичарите.
И покрај тоа, продолжил против организираниот криминал и останатите проблеми на модерниот живот.
Криминалната група Камора е основана уштте во 17. век и тогаш владеела со Напуљ, градот во кој е роден Савијано.
Првиот леш го видел на 13. годиони и тоа на пат кон училиште. Набрзо потоа неговиот татко, доктор, го научил да пука со пиштол. Гангстерите еднаш и го претепале татко му, затоа што се обидел да лекува жртва на мафијата. Најголем впечаток на Савијано оставило убиството на локалниот омилен свештеник Џузепе. Зад убиството стоеле мафијашите, кои тој често ги критикувал во своите беседи и ги нарекувал терористи.
Савијано рекол дека тоа убиство го променило засекогаш.
После димпломирањето работел како фотограф и често фотографирал свадби и членови на Камора. Набрзо им се доближил на мафијашите и нивната организација. Се шокирал од тоа што го дознал, дека не само со Напуљ, туку дека нивното царство се протега до крајот на светот.
Тој својата слава ја гледа како добивка, не како опасност, вели дека публиката му е „поголема заштита од вооружените сили“.
-Тоа што имам публика ми ја зголемува слободата и покрај сите забрани. Се на се моето постоење е привилегија, јавните профили ме изложуваат на критика, но исто така ме штитат - рекол Савијани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа