Дали знаете дека јагодите се лековити - овошката со прекрасен вкус спречува настанување на разни болести
Лековитите својства на јагодите познати се уште од античките времиња. Јагодата на многумина е омилено овошје, пред се поради свеж и убав вкус, а најмногу поради тоа што е ризница на здрави материи кои го подобруваат нашето здравје. Многубројни витамини, овошни шеќери и киселини, железо, фосфор, калциум, пектини и други корисни материи се наоѓаат во јагодата. Затоа јагодите уште од старите времиња биле употребувани во народната медицина за лекување на голем број на болести. Во лекувањето се употребувало буквално се: од плодот, до цветот, листот и коренот, а не треба да заборавиме да спомниме дека од јагоди се прават вкусни десерти, мармелади, сокови…. Тие се вкусни, благи но и здрави.
Јагодите се богати со вода. Целиот плод содржи 90% вода. Јагодите имаат малку калории, богати се со јагленохидрати, посебно со влакна. Без оглед што вкусот им е благ тие не содржат многу овошни шеќери. Во себе содржат големи количества на витамин Ц кој го зајакнуваат имунитетот и извонреден е антиоксиданс. Исто така во јагодите е присутен и витамин К, фолна киселина, магнезиум и калиум.
Јагодите нудат неверојатни здравствени придобивки:
Превенција од кардиоваскуларни болести
Го регулираат шеќерот во крвтта, го намалува ризикот од дијабетес тип 2
Превенција од одредени видови на рак – вклучувај ќи го ракот на дојката, рак на дебелото црево и рак на јајниците.
Со редовното консумирање на јагодите ќе ги подобрите Ваши когнитивни способносто, позитивно делуваат на артритис и проблеми со очите. Јагодата е исто така одлично овошје за оние кои личности кои патат од цревните воспаленија и Кронова болест.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа