Ваков сличај не памети регионов: Во Зајачар, жена влетала во полиција тврдејќи дека ја прогонува вампир
33-годишниот Д.Д. е сослушан откако инспекторите откриле дека со денови маскиран во вампир ја вознемирува неговата некогашна девојка, 46-годишната В.П. и нејзиниот 60-годишен партнер и ги плаши додека имаат интимни односи.
Неверојатниот случај ја запрепасти и зајечарската полиција, а ловот на вампирот траел цели 10 дена.
В.П. избезумена влегла во полициската станица и извикала: „Ве молам, брзо морам да разговарам со главниот, не можам веќе да издржам!“ Кога во станицата виделе во каква состојба е жената се загрижиле и помислиле дека ? се случува нешто страшно, дека можеби е силувана, па веднаш ја однеле кај инспекторот, објави Курир.рс повикувајќи се на извори од полицијата.
-Ако вие не го уапсите вампирот, јас ќе се убијам - рекла жената.
Таа раскажала дека секогаш кога таа ќе се обиде да биде интимна со партнерот, нејзиното поранешно момче преправено во вампир тропа на прозорот, а тоа се случувало и во нејзиниот дом и во домот на нејзиниот партнер.
Полицијата десет дена трагала по „вампирот“. Уапсениот после разговорот со полицијата е пуштен на слобода и поминал само со опомена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа