ФОТО: Меган првпат по породувањето е појави во јавност - и таа и Кејт носеа ист прстен
Традиционалната церемонија за роденденот на кралицата Елизабета е доволно важна можност во кралското семејство за Меган првпат да се појави во јавноста еден месец по породувањето, кога стана мајка на малиот Арчи.
Војвотката од Сасекс, 37-годишната Меган Маркл ја избрала оваа важна манифестација за да се врати од одморот по бременоста.
View this post on Instagram
За разлика од минатата година кога се појави со голи рамена, оваа година Меган играла на сигурно и облекла конзервативен фустан од нејзиниот омилен дизајнер Живанши со шешир од Ноел Стјуарт.
Во жолт неодолив фустан на омилениот дизајнер Александар Меквијн се појави и Кејт Мидлтон, Ривалство меѓу двете јатври нема, а тоа го покажаа со еден мал детаљ на нивните раце.
Меган на раката носи нов, трет престен наречен „eternity ring", истко како Кејт. Симболиката на „прстенот на вечноста“ претставува посветеност кон некоја личност и сестринска поврзаност. Се подарува за да се обележи важно случување како раѓање бебе или годишнина од брак.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа