ФОТО: „Малку си дебела за фотографирање во бикини“ - Дуња доби критики за своите фотографии

 

Српската блогерка Дуња Јованиќ поради една фотографија во костим за капење доби мноштво критики на сметка на својот изглед, а за работите да бидат уште полоши, зад 90 отсто од коментарите, стојат жени.

Ако сте меѓу оние 160.000 луѓе кои Дуња ја следат на Инстаграм, знаете дека последниве месеци покрена предизвик #ракетадолета во кој ги мотивира другите жени, како и неа, да се свртат кон тренинзите и здравата исхрана.

Резултати од предизвикот покажа на Инстаграм, но на вакви реакции сигурно не се надеваше.

Имено Дуња од Црна Гора објави фотографии на кои позира во розев костим за капење. Факт е дека фотографијата не е обработена и го прикажува реалното тело на блогерката, но изгледа тоа не им се допаднало на сите, па решиле да ја критикуваат.

Komentari ispod Dunjine slike u kupaćem

„Малку си дебела за да се фотографираш во костим за капење“, гласел еден од коментарите.

Дуња сепак не останала рамнодушна на критиките.

-Дали сте свесни колку поимот „здраво тело“ е ставен во втор план? Дали сте свсни дека луѓето не е важно како луѓето изгледаат во живо, туку како се претставуваат на социјалните мрежи и до кои граници тоа оди? Дали сте свесни дека веројатно 70 отсто од луѓето ги фотошопираат сите фотографии. Да ви го покажам тоа на пракса - напишала Дуња и објавила фотографија која открива голема вистина, односно голема лага.

Pre i posle fotošopa

После објавувањето на оваа фотгерафија Дуња истакнала дека со таков став на децата им испраќаме погрешен пример и го свртела вниманието кон тоа колкав притисок трпат трудниците за два дена после породувањето да ја вратат својата стара линија.

Ženi ženi ne sme biti vuk

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2019 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега