Уапсен мажот кој ги украл голите фотографии на Северина
Маж кој се сомничи дека украл сет голи фотографии од Северина Којиќ уапсен е во Хрватска. Полицијата се сомнева дека крадецот се занимава со високотехнолошки криминал.
Овие фотографии со брзина на светлината го преплавија интернет, а Северина уште веднаш случајот го пријави во полиција и изјави дека експлицитниот материјал по нелегален пат е во посед на непознат маж.
Тој го хакирал нејзиниот телефон и ги симнал фотографиите со порнографски содржини, кои многу брзо ги преплавија порталите и телевизиите ширум регионот.
11.06.2019 - 22:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа