Никогаш не би погодиле за што служи малата дупка на врвот од капачето на пенкалото

 

Дизајнерите го редизајнираа популарното пенкало Cristal Pen уште во 1991 година, но тоа помина незабележано во јавноста. Сепак, конкуренцијата со текот на времето го забележа овој детаљ, па редизајнот на BIC го ископираа и некои други големи производители.

Станува збор за дупка во капачето на пенкалото, кое доколку дете или возрасен го проголта, овозможува да се дише ако остане заглавено во душникот и на тој начин да се преживее додека не дојде брзата помош.

Ова мало, неугледно отворче годишно спасува стотина детски животи, бидејќи токму децата често проголтуваат капачиња од пенкала, како и други мали нешта кои сакаат да ги ставаат во устата. Возрасните се повеќе склони кон џвакање на капакот, па ненамерно може да им се лизне во грлото. Некои земји дури им препорачуваат на своите производители и тие, исто така, да ги дизајнираат хемиските пенкала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега