Сакала да се замонаши а денес е секси модел - Адријана Лима има чудна животна приказна
Манекенката на Викторија Сикрет, позната по заносното тело и убавина, убавата Адријана Лима, потекнува од Бразил и има 38. години.
Нејзиниот пат до успехот не бил лесен, но на крајот се исплател. Родена е во сиромашно семејство и ја одгледувала само мајка и. Татко и гги напуштил кога имала само шест месеци.
Отсекогаш била убава иако била сиромашна, па професорите во училиште ја бодреле да оди и ја праќале на натпревари за убавина. Веќе на 15. години станала супер модел.
Познато е дека е католик, секоја недела е на миса, а додека да се омажи со сопругот Марко Јариќ била девица.
Како средношколка планирала да се замонаши, а се противи и на абортусот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа