Им врзал цигли околу врат, па ги фрлил во септичка јама - застршувачки детали за тројното убиство во Белград
Полицијата уапси три лица, другари на покојниот Драгослав Јовановиќ кои заедно со него направиле злосторство поради долг за стан кој убиениот Неџа Шубара го имал кон покојниот Јовановиќ.
Откако полицијата во понеделникот вечерта ги пронајде телата на 42-годишниот Неџа Шубара, неговата 75-годишна мајка Даринка и неговата 80-годишна тетка Милја Петковиќ во септичка јама во Сурчин, на имотот на Љубомори Јовановиќ Стаклениот, некогашен припадник на сурчинскиот клан, уапсени се три момчиња поради сомнение дека му помагале на покојниот Драгослав, во злосторството.
Лисици им се ставени на 31-годишниот Милош С., 22-годишниот Лазар Д. и 20-годишниот Никола Ч.
Уапсениот Никола го возел автомобилот, додека Лазар чувал стража додека другите ги фрллале телата во септичка јама. За да се осигураат дека телата нема да испливаат од фекалиите, тие на жртвите околу врат им врзале коноп со цигли и ги фрлиле со главите надоле, а потоа јамата ја затвориле со бетонски поклопувач.
Српската пејачка Гоца Божиновска дошла вчера на имотот на Јовановиќ, каде се пронајдени телата. Таа инаку е во добри односи со Јовановиќ и многу е потресена поради се што се случило во последно време.
- Тие се прекрасно семејство. Верници. Не знам зошто ова им се случува. Драгослав беше прекрасно момче. Секогап ме поздравуваше кога ќе се сретневме, дури и ми нудепше помош да ми носи ќеси, ако имам - рекла кратко Божиновска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа