Српската пејачка Рада Манојловиќ бремена: Харис скокал од среќа, а неа ја фатило паника

 

Српската пејачка Рада Манојловиќ која тајно се венчаше со својот колега Харис Берковиќ е бремена, а радосната вест прво ја соопштила на својата сестра.

„Рада често се жалеше дека ја болат градите и дека е уморна.Кога ја прашавме дали и е циклусот уреден, таа рече дека и не е баш, ама дека секогаш доцни па нема гајле, но кога почнале мачнини тогаш се посомневала дека е ремена“ рекол извор близок до пејачката.

Иако нејзините најблиски ја советувале да оди на лекар или да купи тест за бременост, таа не сакала бидејќи и било непријатно.

„Бидејќи неа и беше срам да го направи тоа, јас оидов до аптека и купив тест. Таа го чекаше Харис за да го направат заедно, па тестот излезе позитивен. Харис се воодушеви, а неа ја фати паника. Итовремено се радува, но и се плаши бидејќи има многу закажани настапи“ вели извор близок до пејаќката.

Веста му е соопштена и на Сашо Поповиќ кој им честитал.

„Бременоста е на почеток, само месец дена, па засега се плаши од се, го чека докторот да се врати од одмор за да направи ултразвук, па да одлучи што ќе прави понатаму со закажаните настапи“ заклучува извор близок до Рада.

Засега таа се нема огласно за да ја потврди истава информација.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2019 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега