ВИДЕО: На учесникот во „Пинк ѕвездички“ му се слоши на сцената - се избори со сите сили да стане

 

Минатиот петок, учесникот Сергеј Пајиќ успеа да стигне до супер-финалето на натпреварот „Пинк ѕвездички – all stars“. Тој ја изведе песната „Клинка”, но на крјаот од настапот гледачите забележаа дека на Сергеј не му е добро.

Пајиќ, подготвил интерпретација, но исто така и кореографија за оваа песна, но многумина забележале дека тој не изгледал добро на сцената.

Во текот на настапот почнал да чувствува слабост, а откако седнал, па легнал на земјата, станувањето му било тешко, па на крајот од песната се забележува неговата фацијална експресија дека нешто не е во ред со него.

Од продукцијата веднаш реагирале и му дале прва помош. Се испоставило дека, меѓу другото, Сергеј бил дехидриран.

Поради многуте обврски што ги имал, тој го запоставил своето тело и неговото здравје, и сето тоа довело до проблеми што се појавија во натпреварот. За среќа тој сега е во добра состојба, пренесуваат српските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2019 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега