Австриската полиција трага по две Србинки: Со вуду магија прелажале жена- „Дај ни пари или ќе ти фрлиме клетва“

 

Полицијата во Австрија е во потрага по две Србинки кои се претставувале како свештенички на вуду магија и во неколку наврати изнудиле илјада евра од 53- годишна Босанка која живее во Клагенфурт.

Според тамошните медиуми, оштетената жена отишла во полиција и раскажала дева две Србинки со кои стапила во контакт преку оглас. Рекла дека од нив барала помош за да се смири со сопругот, бидејќи тој сакал да се рзаведат.

„Сопругот ми рече дека веќе не сака да бидеме заедно па затоа побарав помош од нив, тие имаа поставено оглас на еден сајт во кој се велеше дека со помош на магија ги решаваат љубовните проблеми.

Тие проблемите ги решаваа со чаеви и напитоци кои требаше да му ги давам на сопругот, а тврдеа дека од разводот ќе се откаже откако ќе испие одредена доза од чаевите“ раскажала оштетената жена.

Една од жените и рекла дека ќе го реши нејзиниот проблем со сигурност, меѓутоа после извесно време се појавија на врата и ми бараа да им плати неколку илјада евра.Кога одбила да им плати тие се заканиле дека ќе фрлат клетва врз неа, па од страв им дала накит и пари.

Полицијата има опис на двете жени и трага по нив. Една од нив е позната и во Србија како бајачка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега