Најмладиот српски трансвестит: „Едвај чекам да стана жена, мечтаам да имам деца и маж“
Често помислувам дека би било најдобро да не се ни родев, бидејќи ова не е живот. На секој чекор доживувам понижувања, ме исмеваат, ме малтретираат, а сето тоа поради тоа што се осмелувам да ја покажам својата вистинска природа. Родена сум во тело на маж, но сто проценти сум жена, така размислувам, така се однесувам, така се облекувам. Не сакам да се кријам тоа би ми донело уште повеќе тага, и едвај чекам да имам операција која фзички ќе ме претвори во она што веќе сум - вели 23-годишниот Саша Ѓокиќ од Лесковац, кој од Белград се преселил во Нови Сад.
Процесот со промена на полот го започнал на 19 години, претходно поминувајќи проверка кај психијатар кој воспоставил дијагноза Ф64 - трансродност.
Секако се поставува прашањето како Саша ќе ги финансира сите тие операции кои не се нималку евтини, а тој вели:
-Да, се занимавам со проституција. Никогаш тоа не го криев, единствено така можам да заработам за пристоен живот и да си приуштам себеси операции кои ќе ми помогнат да станам женско. Клиентите ми се мажи од сите фели, нема да верувате кој се доаѓа, политичари, бизнисмени, семејни луѓе, млади момчиња...Никој од нив не е геј, туку сите се бисексуалци - открива Саша за Жена.рс
За неговиот случај пишувале сите медиуми во регионот и Саша против своја волја станал славен.
-Сакам да запишам глума, мечтаам за тоа еден ден да станам мајка. Не ми треба маж, бидејќи се испостави дека сите кои ги сакав беа со мене за пари. Сепак, оставам можност, еден ден да го сретнам човекот кој ќе ме сака ваква каква што сум - вели Саша.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа