Најавени се обилни врнежи, а во регионот дождовите направија хаос - како да постапите ако автомобилот ви се поплави
Пред било кој од овие совети да се обидете да ги примените сами, консултирајте се со мајстор за да го утврдите нивото на штетата на вашиот автомобил и да спречите да ја направите штетата уште поголема.
Најдобро е работата е да им ја препуштите на стручни лица, автомеханичари или автоелектричари бидејќи е сложен процес. Еве што се треба да се направи.
1. Откако автомобилот ќе се најде на суво, треба да го оставите отворен ден-два да се исцеди што е можно повеќе вода од него. Добро е да се извадат седиштата, на кои поради дебелината и натопеноста ќе им треба повеќе време за сушење.
2. исфрлете ја сета вода која е останата на места од каде неможе самата да се исцеди како навлаките на вратите, багажникот, подовите …
3. Моторот во никој случај не смее да се вклучи додека целосно не се искуши автомобилот, бидејќи ако се обидете да го запалите заостанатата вода може да навлезе во виталните делови и ќе се направи уште поголема штета.
4. Од моторот, серво-воланот и кочниците се испушта целото масло, да се променат старите филтри и свеќичките.
5. Да се исчисти темелно и резервоарот за гориво, карбураторот, сите доводи на гориво, пумпата за гориво и вода, ладилникот издувајте ги со воздух – компресор.
6. Моторот треба да се отвори и да се исчисти. Акумулаторот исто така треба да се извади, а сета електроника, како инструменталната табла, да се извади и исуши. Истото важи и за светлата.
7. На празно заверглајте неколку пати за да ја исфрлите евентуалната вода
8. Сите делови откако ќе ги склопите ставете ново гориво и дури потоа исушете ги каблите за свеќичките доколку станува збор за бензинец.
9. Ставете малку масло на делот каде што биле свеќичките а потоа малку заверглајте го моторот за да се подмачкаат цилиндирте. Дури потоа може да ги вратите свеќичките на место.
10. Имајте на ум дека во некои делови можеби се задржала вода која по одредено време може да доведе до ‘рѓосување. Затоа е и подобро сето ова темелно да го направи стручно лице, за да има помали шанси дека вода ќе остане некаде во автомобилот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа