Славната актерка ги преплаши фановите: „Моето тело едноставно се гаси“
33-годишната Кејли Коуко, актерката од „Big bang teory“ позната како Пени на Инстаграм ги сподели своите маки после макотрпен тренинг.
-Тренингот ме скрши. Моето тело едноставно се гаси после претераниот замор - се исповедала Кејли и на фановите им пуштила снимки од третмани за убавина кои воопшто не се пријатни. Имено, станува збор за гуа-ша масажа на нозете, болна процедура сопотекло од Кина.
Тоа е процес со кој се отстрануваат слоеви кожа за да се подобри циркулацијата, а Пени тврди дека не можела да се движи со денови.
-Мојот ангел Флори ги струга моите колкови и нозе. Толку ме болеѓше што со денови не можев да се движам - рекла актерката.
После тоа се одлучила за вакум масажа, котроверзен третман познат меѓу холивудските ѕвезди. На крајот од третманот, русокосата ги потсетила фановите дека се грижи за себе за да може да се грижи за другите.
-Неколку недели се е во ред, а потоа не можам да одам. Ако не се погрижам за своето тело, ќе се сронам - рекла актерката.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа