Емина се присети на тешкото детство: „За нас доматот беше луксуз, ги гледав соседите како јадат“

 

Емина Јаховиќ денес има и повеќе од доволно, во однос на тоа како пораснала. Пејачката раскажала дека нејзините родители, иако лекари, не биле богати. Поради таа причина, како што истакнала, таа не е хировита. Сака да потроши, но на она што навистина ѝ треба.

-Моите татко и  мајка немаа некое наследство зад себе. а како лекари не беа на листата на богати и имотни. Се сеќавам кога многу луѓе во Србија живееја тешко, дека ни беше кажано дека доматот е луксуз. Гледав како дете, дека во некои ситуации соседите го јадат. Киндер јајца, гумени бонбони и чоколади кои пуцкаат во уста...Сето тоа беше недостижно во моето детство. Во времето на војната, мојата мајка ставаше во замрзнувач млеко и јогурт, кое не смеевме да го допираме, го чувавме за црни денови. А, бев вистинско девојче, сакав светкави фустанчиња, кои ги наследив од моите постари братучетки. Затоа сега, кога имам, никогаш не се расфрлам. Сакам да купам, но само она што го носам, немам хирови - рекла Емина.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2019 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега