ВИДЕО: Освен ајкулите и брановите, постои уште една голема опасност на море
Големата брзина и сила на скутерите со нестручно управување се вистинска темпирана бомба, бидејќи со еден погрешен потег може да се покосат повеќе недолжни капачи.
Скоро и да нема летувалишта каде не се забележани вакви случаи, а најновите доаѓаат од Хрватска.
Имено, на кратка видео-снимка реагирале бројни мештани и туристи, а повеќето коментари се „Фала му на Бога сите се здрави и живи.
Ваквото дивеење, таму каде со причина е забрането, не е реткост, а доволно е секунда да биде предоцна. Најчесто правилата ги кршат оние кои мислат дека се над законот и дека се доволно силни да го скротат „ѕверот“ на вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа