Само еден човек смеел кралицата да ја нарекува Елизабета - биле блиски и еден со други си доделувале комплименти

 

Кралскиот протокол налага на британската кралица сите да ѝ се обраќаат на одреден начин, посебно ако не се од кралското семејство. Сепак, постоела и една лично која ѝ се обраќала со име.

Кралскиот експерт Ричард Фицвилиамс објаснува дека ретко на некој кој се среќава со кралицата Елизабета во својот живот му е дозволено да ѝ се обрати по име. Единствена човек на кој тоа му било дозволено бил Нелсон Мандела.

Ја нарекувал Елизабета и неговата наклонетост кон неа му била возвратена. 

Односот меѓу кралицата и Мандела се сметал за необичен и извонреден, за Зелда ла Гранж, личната асистентка на Мандела, која тврди дека сето тоа било изненадувачки.

-„О, Елизабета“ велеше која ја поздравуваше, а таа ќе одговореше: „Здраво, Нелсоне“. Мислам дека тоа беше еден од ретките луѓе кои ја нарекуваа по име и се чинеше забавно - рекла ле Гранж.

Тие биле толку блиски, што за време на посетата на Мандела во Велика Британија, си дозволил да каже „О, Елизабета малку сте ослабеле“.

Кога Мандела зборувал за кралицата ја опишувал како „милостива дама“, а додека таа зборувала за него со „овој пркрасен човек“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2019 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега