Српската манекенка скокнала од мост, паднала во врела вода и ѝ отпаднала косата - денес живее луксузен живот

 

Манекенката Јована Швоња важи за една од најубавите Србинки, живее на висока нога, а сега е мажена за популарниот фудбалер Филип Ѓорѓевиќ. Но, нејзиниот живот не поминал без инциденти.

Имено, во 2010 година медиумите пишувале дека манекенката се обидела да си го одземе животот скокајќи од мостот Дуга во Нов Белград, а причината за тоа била кавга со тогашното момче. Таа подоцна демантирала велејќи дека станувало збор за незгода, а не намерна постапка.

Две години после тоа заминала на пријател на извор на термална вода кај Сремска Митровица. Бидејќи била невнимателна, се лизнала и паднала во врело во кое температурата на водата била 90 степени. Пријателот брзо ја извлекол, но сепак ѝ била оштетена 50 отсто од кожата и ѝ отпаднала косата.. Три недела минала во Клинички центар во Нови Сад после што успешно закрепнала.

Во април 2014 година започнала врска со три години потариот фудбалер Филип Ѓорѓевиќ. После три месеци врска се вериле, а на 10. ноември се венчале. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2019 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега