„Ми треба работа од која ќе можам да живеам“ - познатата српска пејачка бара работа преку оглас

 

Кантавторката Кристина Ковач пред извесно време се пресели во Шведска и започна ново животно поглевје во Стокхолм. Таа таму посетува часови во шведски јазик, но се обидува и да пронајде работа.

-Ми треба работа со договор на минимум 6 месеци и минимум 80 отсто работно време. Само со таков договор можам да барам личен број во Шведска. И работа од која ќе можам да живеам - напишала Кристина на својот оглас на друштвените мрежи.

Таа би сакал да работи како професионална професорка по музичко, но и да му биде асистент на некој учител за пеење, но не бега и од другите работи, пишува магазинот „Глориа“.

-Овој период е несекојдневен и стресен, со самото тоа и неприкладен за давање интервјуа. Кога ќе знам на што сум, останувам или се враќам, тогаш ќе разговараме - рекла таа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2019 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега