Пекол во Македонија, ова се симптоми на топлотен удар - Личи на сончаница но може да убие

 

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и во наредните два дена, целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

 Под влијание на топол бран утре и во среда максималните температури насекаде ќе бидат над 30, а на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Зголемената влажност на воздухот ќе допринесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Најважно е да знаеме како да се заштитиме од топлотен удар и кои се неговите симптоми. Симптомите се дехидрираност, сува уста, умор, омалаксаност, општа слабост на телото и мускулите и несвестица. Личи на сончаница, но може да има големи последици и да убие.

Потребно е при ваква состојба да се легне лицето, да пие течности, да се стави инфузија, да е под постојан лекарски надзор.

  Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури:

  - Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот

 - Носење светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината)

- Консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

- Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

- При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

- Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

- На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2019 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега