Една година од смртта на Влатко Илиевски - вечно ќе остане жив во срцата на фановите
На денешен ден пред една година почина младиот пејач Влатко Илиевски.
Непосредно по неговата смрт се појави спотот на песната „До крајот“ кој е снимен пред две години, а Влатко ја чувал за некое друго време.
Неговите колеги и фановите со неверување ја примија лошата вест. Неговите песни засекогаш ќе останат спомен за симпатичното момче кое замина прерано.
Илиевски беше пронајден мртов на 6-ти јули 2018-та година, вечерта во својот автомобил во Скопје.
06.07.2019 - 14:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа