На денот на кој требало да се радува, Елена цел ден плачеше: Пејачката со емотивна порака
Елена Ристеска ја доживеа најголемата загуба и трагедија во животот кога и почина татко и, а раните за него сеуште и крварат.
Таа сподели емотивна фотографија на денот кога требало да му биде роденден.
- „Пробувам цел ден да не мислам и да не плачам, ама… те стигаат и солзите и спомените колку и да си цврст и јак… ќе ти беше роденден денес,14ти јули, па ќе прославевме… ќе ти посакав здравје, среќа, внуци.. и секако ќе кажеше: “само вие да сте ми добри, друго ништо не ми треба.. “ ама ете, судбина.. те нема.. а се’ повеќе си ми потребен од било кога.. и нејќам статуси, патетики.. ама толку многу сакам да вриснам од тага што мислам дека планина ќе поместам.. ама стиснувам заби и го пишувам ова, ни сама не знам зошто јавно.. ама ете..веќе ништо не е исто, само болката е поголема.. тато!“ , напиша Елена со болка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа