ФОТО: Имала 16, а тој 58 кога се запознале- Младата Украинка веднаш се вљубила во него
Урсула Грзелак, 19 годишна девојка која дошла од Полска во Велика Британија ја запознала љубовта на својот живот, Нигел Торп, 61- годишник од Оксфорд.
Откако се запознале во куќата на нејзината тетка, каде присуствувал Нигел, тој ја одвел во својата куќа каде и ја покажал својата музичка колекција и брзо по тоа Урсула сфтаила дека е вљубена во Нигел.
-Можев засекогаш да гледам во него додека зборува или додека работи нешто. Дури тајно влегов во неговата соба за да ја пробам неговата гардероба и да го почувствувам неговиот мирис. Во тоа врене тој за мене беше совршенство, а и денес е- рекла Урсула.
И покрај сите критики ои огромната разлика во години, тие се во врска веќе 3 години.
Нигел бил шокиран кога Урсула му кажала што чувствува за него, рекол дека ќе му треба малку време да размисли, но кога ја одвел до аеродром, тој ја прегрнал и ја бакнал во автомобилот, што било јасен знак дека и тој чувствува нешто за неа.
Кога се вратила во Украина им раскажала на родителите, кои не биле среќни и се обиделе да ги разделат, и го одземале телефонот и ѝ забраниле да користи интернет.
-Не им успеа бидејќи нашите чувства се силни, длабоко во себе знаев дека ќе прифатат“ рекла таа.
Откако завршила средно училиште, Урсула се преселила во Велика Британија за да живее со Нигел, а нејзините родители сега почнале да го почитуваат нејзиниот избор, а Нигел бил и во посета во нивниот дом.
Тие двајцата живеат заедно веќе година дена, а во текот на летото таа планира да се врати во Украина за да студира.Урсула вели дека не сака деца велејќи дека децата ќе се чувствуваат „жигосани“ или обележано, со што се согласил и Нигел.
-Не се гледам како мајка во идина, а со обзир на неговите години тоа не е добра идеја- рекла Урсула.
За крај на сите кои се во врска со постар партнер им порачува да се посветат на среќата на партнерот и никогаш да не мислат дека прават нешто погрешно или неморално.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа