Цел живот ѝ префрлуваат дека не е доволно слаба за него - најголемиот холивудски шармер ја сака само неа
66-годишниот Пирс Броснан и неговата 55-годишната Кили Шеј Смит биле фотографирани од папараците на пат кон романтична вечера, каде уште еднаш докажале дека нивната љубов не може ништо да ја разниша.
Иако за маркантната новинарка веќе со години се пишува дека не е доволно добра, ниту слаба за славниот актер, нивната љубов демантира се. Кили можеби не се вклопува во холивудските шаблони на убавина, но за својот сопруг е најубава.
Пирс пред неколку години изјави дека смета дека неговата сопруга и силна и дека секогаш ќе има поддршка од неа.
-Ја сакам нејзината живост и страственост. Таа ја има таа цврстина без која не би бил способен да преживеам. Кога Кили ќе ме погледне, јас станувам слаб - рекол Пирс.
Ирскиот актер е во брак со Кили од 2001 година, десет години откако ја преболе смртта на претходната сопруга која починала на 43 години од рак. Заедно се веќе 25 години и имаат два сина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа