ФОТО: На 61. година изгледа како девојка - времето како да запрело за неа

 

Холивудската актерка сите ја паметат по улогите во филмовите „Зелена карта” и „Четири венчавки и погреб”, а сега се појавува во нов трилер „Подготвен или не”.

На премиерата на новиот филм на Мат Бетинели-Олпин и на Тајлер Гилет во Лос Анџелес вчеравечер, Енди ги воодушеви сите со својот беспрекорен изглед.

Таа е позната по ставот да не користи ботокс и други помагала за подмладување, туку ја прифаќа староста како дел од животот.

Инаку, Енди е мајка на три возрасни деца и заштитно лице на козметичката компанија Л’Ореал од Париз.

-Убавината не познава временски граници. Стареењето е патување, но без повратен билет. Не се срамам од своите години, се обидувам да бидам позитивна во секоја животна фаза и да уживам во секој момент, изјави Мек Дауел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега