Му го запалиле автомобилот и кафулето - српскиот музичар загрижен за семејството, му стигнале нови закани

 

На музичарот Петар Анѓелковиќ Пеци од Семедерево за време на викендот му го запалиле автомобилот „ренџ ровер“, а полицијата трага по напаѓачите.

Во ноќта меѓу петок и сабота, додека Петар бил на свирка, му изгорел автомобилот покрај кејот на Дунав, ноќ подоцна било запалено кафуле на кое тој е сопственик.

Оганот во џипот избил во пределот на моторот, но и во внатрешноста на возилото. Иако реагирале пожарникарите, автомобилот бил целосно уништен, а од силниот оган пукнала шофершајбната. Само еден ден подоцна, исто така навечер, пожар избил и во неговото кафуле и тогаш се посомневал дека е подметнат.

Тој вели дека ќе му го запалат и сплавот во Смедерево.

„Другарка ми ми кажа дека слушнала да ми запалат сплавот. Не знам кој. Загрижен сум сега и за куќата во која живеам со родителите и брат ми“, рекол Анѓелковиќ, кој во својот локал, но и во другите настапува со пејачка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2019 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега