Неодамна се ожени со 21. година помладата Даниела - после девет месеци брак, го очекуваат првото дете
Светски познатиот режисер Квентин Тарантино на 56 години првпат ќе стане татко. Тој и неговата сопруга, израелската пејачка Даниела Пик (35), за магазинот „Пипл“ открија дека го чекаат нивното прво дете.
Даниела е ќерка на израелскиот пејач Цвика Пик. Тие се запознале 2009 година, за време на промоцијата на филмот Inglorious Bastards. Двојката се венча лани во ноември, на интимна церемонија во Лос Анџелес. На нивната венчавка присуствуваа и Брус Вилис, Семјуел Л. Џексон и Ума Турман. Ова е прв брак и прво дете на Тарантино.
„Кога снимам, филмот е моето дете, глумците и екипата се моето семејство, немам време за ништо друго“, изјави своевремено популарниот режисер.
Тој во интервју пред неколку години рече и дека ќе престане да режира кога ќе сними 10 филма или кога ќе реши да основа семејство. Неговиот последен филм Once Upon a Time in Hollywood, чиешто снимање го заврши лани пред свадбата со Даниела, е неговиот деветти филм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа