Сами направете раствор за билките да ви цветаат богато и бујно - ви требаат само 3 состојки
Било кое саксиско цвеќе повремено треба да се прихранува, особено во вегетативниот период и во периодот на цветање. Да се предизвика зголемен раст и цветање кај најбезнадежните билки, ќе ви помогне обичниот квасец.
Фитохормоните, витамините од група Б и растителните хормони – ауксини кои се наоѓаат во квасецот, активно ја стимулираат делбата на клетките и раст на билките. Прихрана од овој вид користат професионални одгледувачи на билки.
Благодарение на ваквата прихрана, нагло се зголемува активноста на микроорганизмите во земјата, се зголемува јаглендиоксидот, микро и макроелементите, што има особено благотворно дејство врз кореновиот систем и надворешниот изглед на самата билка.
Значи, ако сакате вашите билки да бидат здрави и да цветаат долго и богато, можете да приготвите раствор за нивно прихранување.
10 гр. свеж квасец
1 мало лажиче шеќер
1 литар топла вода
Растворете го квасецот во вода, додадете шеќер и промешајте. Оставете да отстои минимум два часа.
Со овој раствор полевајте го цвеќето двапати месечно во есенско-зимскиот период и еднаш во десет дена во пролетно-летниот.
Ќе забележите како листовите стануваат позелени, а цветањето станува побујно и побогато.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа