Ловец на богатство пронашол камера, а во неа се криеле застрашувачки снимки (ВИДЕО)
Ловец на богаство Рич Алоха за време на една своја авантура пронашол камера во Тенеси на подрачјето околу Форест Фолст.
Иако можеби се надевал дека ќе најде фотографии од некој друг на неа, сепак не ни претпоставувал дека на снимките кои ги пронашол ќе ги види послените моменти од животот на 22- годишниот Ричард Рангланд, кој пред две години се удавил додека бил на пикник на водопадите.
Камерата и после толку време била во функција, а ја пронашол во калта. Родителите на Ричард веќе две години ја барале снимката за да може да го заокружат случајот за неговата смрт.
„Навистина верувам дека Бог ме испрати таму за да ја пронајдам таа камера.Мило ми е дека ја најдов“ рекло момчето.
„Ја погледнав снимката и си помислив „ОБоже“ова е тоа момче, а неговите родтели ги пронајдов преку Гугл.
Неговите родители велат дека ќе се обидат да ја погледнат снимката и да откријат што се случило.
„Беше добар пливач, би сакале да знаеме што се случи тој ден.Она што досега имавме шанса да видиме е нашиот Ричард, а благодарни сме на момчето што ни ја донесе снимката“ рекле тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа