ФОТО: Водителката Ирена Спировска ја скрши раката
Водителката, Ирена Спировска ја скрши раката. Таа објави фотки со раката во гипс на нејзиниот “Инстаграм стори“.
Како што Ирена изјавила за репортер.мк додека возела велосипед на Маврово со својот партнер Душко Исајловски, наместо да смени брзина, закочила и паднала од велосипедот.
На гипсот ѝ се потпиша нејзината ќерка Зорица, која ѝ порача: „Мамо, полека со брзините“.
Порака на гипсот доби ѝ од нејзиното момче, кој ѝ напиша дека ја сака до месечината.
27.08.2019 - 14:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа