На Лукас му се закануваат со СМРТ, а тој не престанува со навредите
Аца Лукас добива смртни закани преку друштвените мрежи откако ги навреди Јелена Карлеуша и Лепа брена. Фолкерот за Јелена напиша дека е суетна и љубоморна личност, блиска со криминалци, а подобро не помина ни Брена.
Војната ја продолжи вчера коментирајќи го стајлингот на Брена на настапот во саботата.
„Дали е ова ЈК или ЈФ? Син ми Андреј гледа на Инстаграм и ме прашува: Тато, ова е ЈК? Не знае тој. За момент и мене ми се причини. А одговорот е: Ниту е ЈК, ниту ЈФ, а не се ни лебеди, туку од шума побегнала тета, тоа е нашата третодобна штрумфета.
Ова не им се допадна на фановите на пејачките, па почнаа да го навредуваат Лукас, но и да му се закануваат.
„Имаш среќа што Јелена те почитува. Ти би бил одамна закопан“, му напиша еден следбеник на Инстаграм.
Фолкерот ова дополнително го разбесни, па му врати:
„Некоја виртуелна личност од зад тастатурата рекла дека одамна би бил закопан да не сум ѝ симпатичен на ЈК? Закопан бев само на зимувањето во Закопане во Полска., во осумдесеттите… “
Потоа пејачот се заканил дека ќе ги најде сите кои му се закануваат од лажни профили:
„Покажи ја својата слика и податоците, па ќе ти се извинам. Коментирате дека сум простак, ама мене нема да ме плука некоја пи**ица со лажен профил, зашто мисли дека нема да го најдеме. Немојте да сте толку сигурни“, напишал Лукас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа