Загина најбрзата жена на четири тркала
Комбс во октомври 2013 година стана најбрзата жена на четири тркала во светот постигнувајќи брзина од 631 километар на час возејќи автомобил на млазен погон „Северно американски орел“ (НАЕ) Суперсоник Спид Челинџер. Возило составено од остатокот на млазниот авион Ф – 104 Локхид Стартфајтер.
Деталите од несреќата не се познати, но според пишувањето на американските медиуми, 36-годишната Американка настрада обидувајќи се да го надмине досегашниот рекорд.
– Нејзиниот сон беше да биде најбрзата жена на планетата Земја. Една од ретките која се обидуваше сонот да го претвори во реалноста и ја остави оваа земја возејќи се побрзо од било која друга жена во историјата – информираше нејзиното семејство.
Џеси Комбс соработуваше со бројни емисии, а имаше и неколку свои телевизиски емисии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа