Карлеуша директно ѝ се обрати на Цеца: Аман жено, престани

 

Јелена Карлеуша, после навредите на сметка на Анастасија Ражнатовиќ, директно ѝ се обратила на Светлана Цеца Ражнатовиќ, со која веќе со децении се тужи по судови.

„Светлана, уморна сум веќе од твоето фолирање. Никој не ги допира твоите деца (затоа што се возрасни луже, аман), лајкуваат навреди на сметка на твоите колеги, ги навредуваат, а кога добиваат по нос, тогаш невешто лажеш дека тие немаат мрежа и дека тие се деца. Ако се деца, тогаш и јас сум нечие дете? Не можам веќе да го трпам твоето сплеткарење. Аман жено, престани. Не трачари, не сплеткари, занимавај се со својата кариера, која оди надоле. Не сакам веќе да се гледам со тебе на суд, не сакам да се занимавам со твојот лик, но морам да се бранам. А сега убаво и културно, ова ќе ти го кажам кога ќе се видиме на едно од глупавите судења. П.С. Не го поттикнувај веќе Лукас да навредува се живо додека ти мудро молчиш и прва му ги лајкуваш коментарите. Да си му вистински пријател би му го кажала истото“, напишала Карлеуша на Инстаграм.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега