Пред една година се породи, а сега доживеа инфаркт - српската водителка со тешки болки однесена во болница

 

29- годишната српска телевизиска водителка , Јована Јеремиќ преживеала срцев удар за време на нејзиниот годишен одмор во Црна Гора.

Сопругот Воја Милошевиќ веднаш ја однел Јована во болница , каде што била задржана.

„Доживеав поблага форма на срцев удар, што, за среќа, не остави никакви последици. Никогаш не помислив дека такво нешто може да ми се случи. Се сунчав и читав книга , кога ми стана неиздржливо топло и скокнав во морето. Одеднаш ми стана лошо, почнав да се задушувам. Страшна болка во градите ме парализира, останав без воздух.Воја забележа дека нешто ми се случува, ме извлече од водата, ми даде вештачко дишење . Веднаш бев префрлен во болница.Ми рекоа дека станува збор за срцева слабост затоа што прегреана скокнав во студена вода.Се направија сите потребни анализи и ја добив терапијата што ја пијам редовно. Се е добро благодарение на мојот сопруг.Тој ми го спаси животот , а јас го уништив неговиот одмор “, изјави Јована за српски Ало.

Менаџерот Војо со Јована имаат ќерка, Лана, која се роди минатиот август. Јована е водителка на српското реално шоу „Парови“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега