Денес е најголем хит - Дино Мерлин напишал една од неговите песни кога жена му се криела од роднините
Еден од најголемите хитови на Дино Мерлин крие една прекрасна приказна за неговата некогаш забранета љубов, а денеска негова сопруга, Амела. Се работи за песната „Кад си рекла да ме волиш“ и ѝ е посветена токму нејзе, која кога ја запознал, му била забранета и недостижна. Всушност, голем број од неговите песни ѝ се посветени токму нејзе.
Тие се сакале неколку години, а потоа тајно се венчале. Дури и им било страв некој да не открие за нивната венчавка, да дојде и да ја расипе. На венчавката кај матичарот бил само кумот на Мерлин и сестрата на Амела, а постојано гледале во вратата од страв некој да не дојде. По венчавката, отишле на патување во Дубровник, а кога се вратиле живееле кај неговата мајка. Нејзините родители со години не им зборувале, но денеска се смирени и уживаат во хармоничен семеен однос.
Во моментите кога парот бил разделен и се криеле од своите роднини, за кои и ден-денес не се знае зошто ја забранувале оваа љубов, во момент на инспирација, Мерлин ја напишал „Кад си рекла да ме волиш“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа