„Мораш да се посрамотуваш кога имаш 27 години помлада девојка“ - фановите го „нападнаа“ славниот музичар
Ако мислевте дека само жените се трудат да имаат совршено тело, фрлете поглед и на популарниот француски диџеј Дејвид Гета.
Иако го следат осум ипол милиони луѓе на Инстаграм, 52-годишниот Дејвид Гета помислил дека неговата почетничка грешка на фотошоп ќе помине незабележано.
Сакал да се пофали со добро оформените мускули, но со намера да го среди целиот пред дел од стомакот, успеал да ја искриви полицата зад себе.
-Добро утро на сите, полн сум со енергија и подготвен сум да тргнам да уживам во животот - порачал во опис на фотографијата Гета, а на одговор од фановите не се надевал.
Фановите го обвиниле дека премногу се труди и фотошопира поради својата 24-годишна девојка Џесика Ледон со која е во врска 3 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа