Вистинска љубов: Дете страда од ретко нарушување, може да го смири единствено неговата мачка

 

Повеќе пати е докажано дека домашните миленици се најдобрите пријатели на човекот кои никогаш не го напуштаат во неволја и тешки ситуации, а љубовта помеѓу ова момче со ретко нарушување и неговата мачка го воодушеви светот.

Момчето со посебни потреби Џејден често наидува на недоразбирање од другите бидејќи и тој самиот често не го разбира светот околу себе. Џејден страда од нарушување на сензорната интеграција, а тоа влијае на неговите социјални и емоционални особини. 

Децата со такви нарушувања честопати знаат да се исклучат од светот и се повлекуваат во себе, а понекогаш им недостасува самоконтрола и во тие моменти се многу раздразливи и импулсивни.

Неговите родители се обидуваат да му помогнат колку што е можно повеќе и да му го олеснат животот, но суштеството кое најмногу и најефективно му помага е неговата мачка Кити.

Кога Џејден добива напади, неговото милениче секогаш успева да го смири. Една таква сцена снимиле неговите родители со камера:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2019 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега