Трик кој треба да го знаете ако користите течен сапун - потребна ви е само една гумичка

 

Поранешна блогерка и новинарка Тифани Брд на блогот „Simply Modern Mom" напиша дека ја полудува кога некој од нејзиното семејство ќе истисне течен сапун од шишето и најголем дел од него ќе остане о одводот. Пронашла решение за овој проблем - лесен и евтин.

„Сакав само со светот да ја споделам својата идеја и трик со кој секојдневно се служам и тогаш настана идејата да почнам да се ангажирам околу блогот“, напиша Тифани.

Таа живее со сопругот и трите ќерки и најдобро знае како да се направи организација во домот за се да функционира како треба. Нејзиниот совет за паметно користење течен сапун ги воодушеви слдачите на нејзиниот трик.

„Децата ги учам често да мијат раце, а кога тоа го прават буквално „седнуваат“ на пумпицата и тој сапун тече и тече. Само затоа што пумпицата оди скроз до крај“, објаснува Тифани.

За да заштеди на сапун се сетила на многу едноставно решение.

„Земав обична кујнска гумичка и ја замотав околу пумпицата која сега може да се стисне само до половина. Количината сапун која истекува од неа е сосема доволна за правилно да се измијат рацете“, додава Тифани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега